Националната установа Центар за култура “Григор Прличев

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.

Историја

Формиран уште во далечната 1958 година како Дом на културата, институција за развој и унапредување на културно-уметничката и забавната дејност во Охрид, половина век претставува значаен витален Центар на бројни подвижни културни облици што чинат културно единство - мозаик од културни настани.

Манифестации и Фестивали

Балкански фестивал

Балкански фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Национална установа Центар за култура "Григор Прличев"-Охрид, како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Охридски староградски средби

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.

Прличеви Беседи

Деветнаесеттото столетие во македонскатата книжевна заложба вечно ќе се памети по преродбеништвото и раскошната духовна ризница која му ја завештаа на македонското културно наследство и македонштината истакнати учени духовници и надарени литерати.

Бисери

Во периодот на подемот на културата како развојна гордост на Охрид- најголемиот туристички и втор културен центар на Македонија формиран е Анасмблот за народни песни и игри "БИСЕРИ" при НУ Центар за култура "Григор Прличев'' - Охрид.

0
+
Години традиција
0
+
Фестивали
0
+
Успешни манифестации
0
+
Професионални актери

Вести

Оглас за вработување на билетопродавач

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид   Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи,  Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид  објавува:   ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2023 за вработување на работник на... Повеќе

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2023 ГОДИНА

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува: КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2023 ГОДИНА Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 28. ноември 2023 година.... Повеќе

Се одржа манифестацијата „Охридски староградски средби“ 2023

На 8ми септември, 2023, пред платото на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид, се одржа традиционалната манифестација „Охридски староградски средби“, манифестација која со децении го негува староградскиот мелос, овозможувајќи настапи за бројни градски групи, од цела Македонија, кои ги презентираат верно познатите староградски песни, секоја карактеристична и врзана со специфичните градски сокаци,... Повеќе

„СЕРГЕЈ Е МНОГУ ГЛУПАВ“ во режија на Дејана Николовска, повторно на репертоарот на НТО

Со претставата „Сергеј е многу глупав“ во режија на Дејана Николовска, Народен театар Охрид ја започнува театарската сезона. Претставата ќе биде изведена на репертоарот во четврток, 7 септември, со почеток во 20.00 часот. Улогите ги толкуваат: Сергеј – Никола Тодороски, Првиот курир – Стрезо Стаматовски, Вториот курир – Горан Стојаноски, Третиот курир – Филип Кипровски... Повеќе

Театарска премиера „Сергеј е многу глупав“ од Дмитри Данилов, во режија на Дејана Николовска

На 9ти јуни, 2023 Народен Театар Охрид, пред публикта, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ од Дмитри Данилов, а во режија на Дејана Николовска. “Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј за да му донесат пратка. Од овој момент... Повеќе

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи, член 77-в и 77-г од Законот за култура,  Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“... Повеќе

„Мали vs ГОЛЕМ„ театарска премиера во изведба на Д.Д.С. „ДрамаКидЗ“

На 06.07, четврток, со почеток во 20.00 ќе се случи премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на Детското Драмско Студио (Д.Д.С.) “ДрамаКидЗ“, кое работи во рамки на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. После шест месечни проби и изучување на основите на театарската уметност, 26те членови Д.Д.С „ДрамаКидЗ“, на возраст... Повеќе