Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Балкански фестивал на народни песни и игри

Балкански фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Национална установа Центар за култура "Григор Прличев"-Охрид, како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Традиционално фестивалот се одржува на почетокот на месец јули, односно од 06 до 11 јули.


Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.


Во изминативе  години на Балканскиот фестивал се презентирани повеќе од 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.


Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на Фестивалот.

Преземи апликација тука

 

Share/Save/Bookmark