Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Бисери

АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ   "БИСЕРИ"

 

Во периодот на подемот на културата како  развојна гордост на Охрид- најголемиот туристички и втор културен центар на Македонија формиран е  Анасмблот за народни песни и игри "БИСЕРИ" при НУ Центар за култура "Григор Прличев'' - Охрид.


Блескав почеток  во 1975 година и  достоен амбасадор на македонската култура во светот.


Бројни музички и фолклорни таленти и репрезентативни состави што донесоа признанија и награди од мноштво светски фестивали: Катвајк-Холандија, Закопане-Полска, Прага-Чешка,  Агриџенто-Италија,


Мартиник - Франција, Берлин - Германија,  Јалова, Гебзе, Ескишехир и Истанбул - Турција, Поградец и Пермет- Албанија, Бургас- Бугарија, Загреб-Хрватска, Белград-Србија и  многу други.


Богата и мошне колоритна традиционална народна носија со импресивни везови и оригинални  инструменти за сите специфични регионални  игри и единствена племенита цел - да се зачуваат и негуваат ретките вредни примероци од македонската фолклорна ризница. Две децении  фестивалски ансамбл на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид.


Водарки, Песни и ора од Егејска Македонија, Калајџиско, Тресеница, Шопска петорка, Повардарие, Источна Македонија и Сплет изворни игри од охридскиот регион.


Share/Save/Bookmark