Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

„ПОТОЧИЊА 2017” вторник 30.05.2017

„ПОТОЧИЊА 2017” вторник 30.05.2017

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

„ПОТОЧИЊА 2017” ВО ОХРИД НА 30 МАЈ

Најмили дечиња, љубители на најдобрите детски хитови од детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА” со радост Ве известуваме дека новото издание „ПОТОЧИЊА 2017” доаѓа на гости во Охрид. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (голема сала) во 11 часот.
Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките, сказните.
Поддржувачи на фестивалот се „ЛАДНА“ и Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ од Охрид. Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. За секоја купена влезница ќе биде обезбедено освежување од „ЛАДНА“ и пригодни подароци од Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ како и ваучери со попуст за користење на стоматолошки услуги во истата. Најраспеаните дечиња ќе добијат ЦД со најдобрите хитови од „ПОТОЧИЊА“.
Ги покануваме најмалите охриѓанчиња да уживаат во најновите хитови од „ПОТОЧИЊА 2017“. Организатор на настанот е „ПАП ПРОДУКЦИЈА“ Да ја заокружиме успешно оваа школска година со најдобра журка. Се гледаме на 30 мај во 11 часот во големата сала на Центарот за култура во Охрид заедно да пееме, да играме и да се забавуваме.

Share/Save/Bookmark