Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Гостување на театарски фестивал "Ристо Шишков" во Струмица

Гостување на театарски фестивал "Ристо Шишков" во Струмица

Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен театар Охрид повторно гостуваат и тоа на театарски фестивал "Ристо Шишков" во Струмица, во ВТОРНИК, 10-ти септември со преставата "Стаклена Менажерија"– ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС режија Софија Ристевска Петрушева.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
-Софија Ристевска Петрушева.
Share/Save/Bookmark