Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

Изложбата „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“.

Амбасадата на Република Полска во Скопје, почесниот конзулат на Република Полска во Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид ја организираат изложбата „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“.
Изложбата ќе биде отворена во понеделник, 02.09.2019 година со почеток во 19:00 часот во ГАЛЕРИЈАТА на Центарот за култура Охрид.

Share/Save/Bookmark
 

Балкански фестивал 2019

ПРОГРАМА
4 ЈУЛИ (четврток)
Наслов на изложба: Курт Хејлишер во Македонија
19.00 часот, место:изложбен салон

5 ЈУЛИ (петок)
19.00 часот - дефиле
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 58-ми БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ”

6 ЈУЛИ (сабота)
Проекција на краткометражен филм “Водичарке”
Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 ч
19.00 часот / дефиле
- КУД “Костолац” Костолац - Србија
- Ансамбл Седенчица од Пловдив - Бугарија
-КУД “Дримкол” од Вевчани - Македонија
-КУД “Кочо Рацин” од Кичево - Македонија

7 ЈУЛИ (недела)
Проекција на краткометражен филм “Оплитање”
Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 ч
19.00 часот / дефиле
-КУД “Гоце Маркоски” од Скопје - Македонија
-КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица - Црна Гора
-КУД ”Вук Караџич” од Крагуевац - Србија
-ФА “Бисери” од Охрид - Македонија

8 ЈУЛИ (понеделник)
Проекција на краткометражен филм “Пишање на невестата”
Место: НУЦК / голема сала, почеток 18:45 ч
19.00 часот / дефиле
-Ансамбл “Македонија” од Скопје - Македонија
-КУД “Лјубо Бозанович” од Подгорица - Црна Гора
-Ансамбл “Танц плус фолк” од Елбасан - Албанија
-Фоклорно Студио “Блажески” и ВИС Аманет од Скопје - Македонија

Сцена:“Долни Сарај” Почеток 20.30 часот
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Share/Save/Bookmark
   

„Каде е пиштолот?“ петок 28.06.2019 година

„Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Share/Save/Bookmark
   

Аналфабет - петок 21.06.2019

"АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески, на репертоарот ќе биде изведена во петок 21.06.2019 година.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Share/Save/Bookmark
   

"Метод" од Жорди Галсеран - четврток 13.06.2019 година

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот "Метод" (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режија: Ирена Стеријовска
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов

Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на "големата слика" и го поставува прашањето колку голема е всушност "големата слика"? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса - Ирена Стеријовска.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 4 од 76

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>