Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Аналфабет, вторник 18 април 2017

Во вторник 18.04.2017 поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

*Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба (билетарата ќе работи и во петок и сабота од 10.00 до 16.00 часот)
**Претставата не е за лица помлади од 14 години

***Во претставата се користат пиротехнички средства


Share/Save/Bookmark
 

ИМПРОВОКАЦИЈА - петок 14.04.2017

Импровокација во петок (14 април 2017) година на "керал" сцената на Народен Театар Охрид, репертоарно ќе се одигра петтата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу "Импровокација", со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, подпомогнати од Филип Ангеличин - Жура.Специјалното Велигденско издание на Импровокација започнува во 20:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Share/Save/Bookmark
   

Аналфабет на 7 и 8 април 2017

Во петок 07.04.2017 и сабота 08.04.2017 повторно ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

*Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба
**Претставата не е за лица помлади од 14 години
***Во претставата се користат пиротехнички средства

Share/Save/Bookmark
   

"АНАЛФАБЕТ" - ПРЕМИЕРА 27 МАРТ ПОНЕДЕЛНИК

НУЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД Ве кани на Премиера на најновата комедија АНАЛФАБЕТ, работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Премиерата е закажана во понеделник 27 март, во 20:00 часот, а првата реприза е во вторник во истото време. Цената на билетите за Премиерата изнесува 250 денари, а за репризата 200 денари.

Билетарата за престојниот викенд работи од 11.00 до 17.00 часот.

Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.

 

Share/Save/Bookmark
   

ИМПРОВОКАЦИЈА - петок 10.03.2017 година

Во петок (10 март) на репертоарот на Народен Театар Охрид е претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“. Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Картите по претпродажна цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, а истите на денот на претставата (петок) ќе чинат 200 денари. Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот
Share/Save/Bookmark
   

Страница 5 од 89

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>