Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО ИЗБОРОТ НА НАЈДОБРА ПОЕМА ПО КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ЗА 2016 ГОДИНА

Жири комисија за доделување на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2016 година при Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на состанокот од 20 јануари 2017 година, од трите поеми кои влегоа во најтесен круг, (а од вкупно дваесетте пристигнати): „Слово горко непремолк“ под шифра „892000“, „Македонски стар и нов завет“ под шифра „Библија“ и „Армагедон“ под шифра „Кузман Капидан“ за најдобра ја избра поемата „Македонски стар и нов завет“ испратена под шифра „Библија“.
Текстот на поемата „Македонски стар и нов завет“ се издвојува со лирско-епското пеење поставено на повеќе нивоа каде низ тонските созвучја одгласува простумот нататковината низ временските длабочини. “Македонски стар и нов завет“ е поема која во себе ја вплотува драматичноста на времето и драматиката на опстојбите низ долгата низа македонски векови. Протекот на дејствието кој надоаѓа од високите врвови на егзистетот на родот понесува со својот полифоничен одглас на каскадната буица низ спектарот на тонови и бои со силна ерупција на метафори. Таа е една кратка, збиена историја на битот на татковината што во целата широчина ги отвора големината на просторот и длабочината на времето од кои пулсира живата енергија на настаните. Кохерентна градба на естетска хармонија низ лирско и епско созвучје.

Претседател на Комисијата за избор на најдобра поема, Трајче Кацаров
Share/Save/Bookmark
 

Пекиншката академија на традиционална музика

Охридско Лето ви ја претставува Кинеската атракција The Voice Of Yunnan во Македонија! со два концерти во изведба на најдобрите фолклорни музичари од Пекиншката академија на традиционална музика. Запознајте ја восхитувачката музичка традиција и богатата етничка разновидност на Кина: 28-ми Јануари во Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид

Share/Save/Bookmark
   

Ќе биде отворен почесен конзулат на Унгарија

Со свечена церемонија, утре, ќе биде отворен конзулат на Унгарија, при што ќе се изврши и инаугурација на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид. Инаугуруцијата на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид ќе ја изврши државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Република Унгарија, Иштван Иѓарто.

Официјална церемонија ќе започне во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред присутните ќе се обратат заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и  Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Иштван Дукс.

По официјалните обраќања, ќе следува музичка изведба на учениците од музичкото училиште „Методи Патче“ и отворање на изложбата: „За слободата и независноста“.

Share/Save/Bookmark
   

ДЕНИЦИЈА - четврток 19.01.2017

ОХРИДСКА ПРЕМИЕРА НА ДЕНИЦИЈА ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе Европски метрополи.

Карти во продажба на билетарата на Центарот за култура, цена 200 денари.

Share/Save/Bookmark
   

Среќна нова година и Божиќни празници

Share/Save/Bookmark
   

Страница 7 од 89

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>