Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Автор на поемата „Клучевите“, добитник на престижната награда „Григор Прличев“, е доц. Д-р Гордана Стојаноска

Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на насоката за наставник за одделенска настава на Педагошки факултет - Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје во 2008 година. Докторирала на истата институција во 2012 година. Работи како доцент на Педагошки факултет - Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, на група социолошки предмети. Автор е на две поетски книги: „Збор за зборот“ во коавторство со Златко Жоглев и Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2014 год. и „Поема за маргините“ во коавторство со Даниела Андоновска – Трајковска издадена во 2015 год,
Автор е на над 50 колумни објавени во неделниот весник ЕГО,
Автор е на повеќе рецензии на поетски и прозни книги,
Добитник е на светската награда Nosside XXVIIth World Poetry Prize 2011, Калабрија,
Италија,
Добитник е на наградата „Владимир Костов“ за краток расказ 2014 (Универзитет „Св.
Климент Охридски),

Share/Save/Bookmark
 

Поемата „Клучевите“ добитник на награда Григор Прличев

Kомисијата од пристигнатите четиринаесет и’ беа доставени тринаесет ракописи кои ги исполнуваат формалните критериуми на распишаниот Конкурс. Во потесен избор беа разгледани три поеми: Клучевите (шифра: Таурус), Будењето на Крали Марко (шифра: Ѕевгар) и Ветровите од Запад (шифра: Носталгија). Поемата Клучевите меѓу трите вонредно успешни поеми беше избрана како најдобра со два гласа поради иновативниот тематски заграб, суптилноста во приодот кон темата на духовното будење и отворање кон светот, односно кон акцијата и ангажираноста во светот. Лириричноста на изразот ја надополнува неговата духовна зрелост и во процесот на одвивањето на поемата ја откриваме стаменоста на ова суптилно огласување и длабоката проживеаност на соопштеното духовно искуство. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Клучевите, како што е и именувана поемата, функционираат на повеќе нивоа, отркивајќи семантички значења кои вешто комуницираат со читателот. Низ приказот на мачниот и трновит пат на духовното будење прикажана е алхемијата на душата којашто конечно во себе ја открива и вербата и доблеста вистински да се биде во светот и да се делува во него. Формалните обележја на поемата, метриката, врзаната строфа коишто претставуваат дополнителен предизвик и ги искушуваат можностите на поетскиот израз, а можат да прозвучат и традиционално денес, овде се умешно исползувани и реализирани како современ и актуелен поетски израз кој говорејќи за поединецот воедно проговорува и за заедницата во која што тој опстојува и за предизвиците што таа ги поставува пред него.
Share/Save/Bookmark
   

Среќна нова година и Божиќни празници

Share/Save/Bookmark
   

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 3 - сабота 30.12.2017

Во сабота, 30 декември, на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе се одигра театарската импровизација - Импровокација со актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, со поддршка од „совеста" на шоуто Филип Жура и музичарот Никола Јосифоски. Ова е репертоарски последната претстава на театарот во календарската 2017 година. Картите во продажба ќе бидат пуштени денес, понеделник, 25 декември, точно на пладне, во Музичка Продавница Зизи Топ. Цена 150 денари и 200 денари на денот на шоуто. Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.

 

 

 

Share/Save/Bookmark
   

ПРОМОТИВЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ФА БИСЕРИ

"НОВОГОДИШНА ФОЛКЛОРНА ПРИКАЗНА"
29.12.02017 ВО 18:00 ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ОХРИД
Настапуваат :
Фолклорни групи: Прв состав, втора и трета детска група
"ВЕСЕЛИ БИСЕРЧИЊА" И ПРЕМИЕРНО "НОВОГОДИШНА ПЕСНА" - автор Татјана Тренеска)
ОРКЕСТАР на ФА БИСЕРИ СО СПЛЕТ НА МАКЕДОНСКИ ОРА.
Новогодишни пакетчиња, спонзор Маркети ТАМАРО
ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПОСЕТА НА ДЕДО МРАЗ
НОВОГОДИСЕН БАЗАР НА ЦРВЕН КРСТ (ПРОДАЖБА НА НОВОГОДИШНИ УКРАСИ) СО ХУМАНИТАРНА НАМЕНА ЗА ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ.
Share/Save/Bookmark
   

Страница 8 од 95

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>