Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

„Зимска бајка“ - сабота 23.12.2017

Најдоброто од Охрид доаѓа пред новогодишните празници. Новата „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најдобриот хумор, оваа година во супер ѕвездено „пакување“.

На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 23-ти декември, сабота, со почеток во 19 часот, публиката на најочекуваниот настан во Охрид ќе може да го види новото шоу на "Two mothers brothers" на фантастичните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои специјално за оваа прилика подготвувија нов материјал, стендап комичарот Сашко Коцев, Ѓоко Танески и неговиот бенд во акустична верзија, како и бендот на Зимската бајка на Емилија Маринова - вокал и пијано, Драган Василески -Пајо (Камелеон) - вокал, Горан Папаз - саксофон, Филип Стојковски Зизи - тапани, Јане Тодороски - бас и Роберт Милески - гитара. Настанот оваа година е дел од манифестацијата „ОД 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ што градот Охрид ја подготвува за претстојните новогодишни и божикни празници во насока на збогатување на туристичката понуда.

Културно - забавниот спектакл на годината традиционално ќе биде разубавен со бајковит амбиент, надополнет со визуелни ефекти и беспрекорен звук на „Labino Sound“. Влезниците за „Зимска бајка 2017“ во ограничен број во продажба ќе бидат пуштени во вторник, 19-ти декември, во „Топ Маркет“ градски плоштад, чаршија и кај чинарот, и мјузик шоп „Зи Зи Топ“ по цена од 300 денари. И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со вината на Далвина и Горска вода. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 283 066 во периодот од 11 до 15 часот. Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“! Одбројувањето започна!

Share/Save/Bookmark
 

Аналфабет - петок 15.12.2017

Во ПЕТОК 15.12.2017 на репертоарот повторно ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при Н.У.Ц.К. Григор Прличев - Охрид,
почеток 20.00 часот.
*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Share/Save/Bookmark
   

"БААЛ"- Бертолт Брехт, режија Андреј Цветановски

Играат: Горан Стојаноски
Никола Тодороски
Јасмина Билаловиќ
Адријана Билаловиќ Тодороска
Дамјан Цветановски
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Тони Денковски

Сценографија: Сергеј Светозарев
Костими: Милена Пантелеева
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Милчо Александров
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Асистент на режија: Ѓорѓи Ризески

Претпремиера: понеделник 4-ти декември во 20:00 часот. Премиера: вторник, 5-ти декември во 20:00 часот. Картите за двете претстави се веќе пуштени во продажба, по цени од 200 денари за претпремиера и 300 денари за Премиера.

Претставата БААЛ е во режија на Андреј Цветановски, кој за своето ново театарско остварување ќе рече: „Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Пријатели на театарот: КЕНТЕРС, ХОТЕЛ НОВА РИВИЕРА, ЕВРО ЏИНС, КАРМЕН БАУЦЕНТАР

Share/Save/Bookmark
   

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8 ДЕКЕМВРИ – ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ОХРИД СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Share/Save/Bookmark
   

Изложбата за животот на Ана Франк

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид Ве поканува на Изложбата за животот на Ана Франк во петок 24.11.2017 година во 19.00 часот во Изложбениот салон.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест - Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите се млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. До сега, изложбата беше поставена во Скопје, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Кавадарци, Тетово, Велес, Куманово, Крива Паланка и Струга.

Share/Save/Bookmark
   

Страница 9 од 95

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>