Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish

Секоја САБОТА театар во Охрид

Банер

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер
Банер

Аналфабет - сабота 23.09.2017

Во САБОТА 23.09.2017 на репертоарот ќе биде изведена претставата "АНАЛФАБЕТ" - комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски - Максим Благадуша
Никола Тодороски - Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски - Румен Вујаклија
Елизабета Стефановска - Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
почеток 20.00 часот.
*Картите по цена од 150 денари
**Претставата не е за лица помлади од 14 години
***Во претставата се користат пиротехнички средства
Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата!
Работно време на билетарата од вторник до петок од 10.00 до 20.00 часот, во сабота од 14.00 до 20.00 часот и во понеделник од 10.00 до 14.00 часот!

Share/Save/Bookmark
 

Тематска изложба "Живи фосили и ендемити од Охридското Езеро"

НУ Центар за култура "Григор Прличев”- Охрид во соработка со Природонаучен музеј на Македонија - Скопје Ве поканува на тематска изложба "Живи фосили и ендемити од Охридското Езеро", во среда 20.09.2017 година во 12.00 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура, изложбата ќе е поставена до 06.10.2017 година, Влезот е слободен !

Share/Save/Bookmark
   

Гостува Градскиот Театар " Јоза Ивакиќ "

Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од збратимениот град Винковци од Република Хрватска, утревечер (вторник, 19.09.2017 г.) на малата сцена на НУ Центар за култура "Григор Прличев”- Охрид со почеток во 19.30 часот ќе ја одигра комедијата „Во бабиното гнездо“. Влезот за претставата е слободен!

Комедијата „ Во бабиното гнездо“ е работена по мотивите на филмот „ Дуплекс“ на Дени Де Вито, ја режира Цветин Анчиќ, а играат Петра Кралјев, Владимир Андриќ и Бланка Барт. Претставата е проткаена со духовити ситуации, поврзани со млада брачна двојка, која веднаш по венчавањето, мора да обезбеди кров над глава. Тие се определуваат преку оглас да најдат постара жена со стан за да ја чуваат.Младата брачна двојка очекува брза смрт на старицата, а таа пак во низа комични ситуации се однесува лагодно и е полна со жив.

Share/Save/Bookmark
   

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 3 - петок 15.09.2017

ИМПРОВОКАЦИЈА сезона 3!
Сцена „КЕРАЛ“.
Ги преживеавме горештините, гужвите, земјотресите и бикините и сега освежени како ИРМА ќе напаѓаме во петок.
Нови игри, нови песни, нови весници...Македонија слободна..... :) СТОП! Не!
Билети во музичка продавница Зизи Топ или резервирај на 075/283-066
претпродажба: 150 МКД
на ден на изведба: 200 МКД
Биди дел од (р)еволуцијата, гледај ИМПРОВОКАЦИЈА!
Шоуто не е за помлади од 16 години!

Share/Save/Bookmark
   

Женскиот вокален етно состав Езерки и оркестарот 7/8

Женскиот вокален етно состав Езерки и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика.
Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура "Григор Прличев”- Охрид на 16 септември 2017 со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов "Лудуваме за Македонија".
Дојдете и слушнете песни како "Македонско девојче", "Ако умрам, ил загинам" или пак "Битола, мој роден крај". Влезот е бесплатен!

Share/Save/Bookmark
   

Страница 1 од 89

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>