Преведи со Google Translate

Macedonian Albanian English French German Spanish
Банер
Банер
Банер
Банер

Банер

ПРЕМИЕРА „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО

НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид / Народен Театар Охрид

10 ГОДИНИ ОХРИДСКИ ТЕАТАР

ПРЕМИЕРА „КРИК ЗА ЉУБОВ“ - ЖОЗИЕН БАЛАСКО Режија: Љупчо Ѓоргиевски
СРЕДА 16.06.2021 година, почеток 20:00 часот, цена на карта 200 денари, ГОЛЕМА САЛА!

Директор: Горан Симоноски
Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор:  Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин - Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита:  Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски
Н.У.Ц.К.„Григор Прличев“ / Народен Театар Охрид
ул. „Македонски Просветители“ бр. 4    тел: 046 261 063
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Share/Save/Bookmark
 

Стенд Ап Комедија со Марјан Ѓоргиевски

НУ Центар за култура “Григор Прличев“ - Охрид Ве поканува на Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски во САБОТА 05.06.2021 година, ќе има "вакцинирање" во Центарот за култура "Григор Прличев" - Охрид, со почеток во 20.00 часот.
Сите граѓани на градот Охрид и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се  вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, евровизија, инфлуенсерки. Ваксајн ис каминг.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063. Цена 200 денари. Влез на публика од 19:30 часот, почеток 20.00 часот!
!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура “Григор Прличев“ - Охрид.
Share/Save/Bookmark
   

10 години Народен Театар Охрид

По повод роденденот и 10 години Народен Театар Охрид на репертоарот ќе биде изведена претставата “Сопружници” режија на Драгана Таневска во ЧЕТВРТОК (03.06.2021) со почеток во 20.00 часот, цена на карта 200 денари.
Играат:
Гејб - Ивица Цонев
Џуди - Елизабета Стефановска
Џек - Никола Тодороски
Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл - Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф - Ванчо Василев
Инспициент - Филип Ангеличин – Жура
Светло - Борис Велјаноски
Тон - Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК "Григор Прличев" - Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!


Share/Save/Bookmark
   

Изложба „Денови на македонска фотографија“

НУ Центар за култура „Григор Прличев"-Охрид во соработка со„Фото сојуз на Македонија“ Ве покануваат на ИЗЛОЖБА. „Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, таа претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р. Македонија. Оваа година, по пет години повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде на 29- ти мај сабота во НУ центар за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон. Изложбата ќе трае до 10 -ти јуни 2021 година. Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.


Share/Save/Bookmark
   

Повторно Стендап Шоу РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

На барање на публиката повторно РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ -стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.
РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.
Билети само со резервација на: 075 283 066, цена на карта 200 денари, САБОТА, 03.04.2021 година, влез на публика од 18:30 часот, почеток 19.00 часот!
!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура “Григор Прличев“ - Охрид.
Share/Save/Bookmark
   

Страница 1 од 69

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>